Група од 24 медиуми во Бразил, меѓу кои и АФП, се здружија против лажни вести што ги преплавија интернет и социјалните мрежи пред претседателските избори закажани за октомври во таа најголема земја во Јужна Америка.
Групата наречена „Компрова” (на португалски „Да се докаже”) ќе ги проверува информациите и гласините на интернет,и во неа ќе бидат и големите бразилски медиуми, меѓу кои Канал Футура, Газета де Пово, Метро Бразил, Неско, Веха и др.
Претставниците на тие медиуми на состанокот во Сао Паоло наведоа дека групата ќе почне да работи на 6 август.
Групата ќе работи во координација со бразилската асоцијација на истражувачки новинари и Институтот за развој на новинарството, со техничка и финансиска помош на Гугл и Фејсбук.