Стејт департмент: Албанија не ги исполнува минималните услови против трговија со луѓе

Американскиот Стејт департмент, во најновиот извештај за трговија со луѓе, оценува дека Албанија и понатаму е во втората група, во која се земјите кои не ги исполнуваат целосно минималните стандарди, но прават големи напори да ги исполнат.

212

Американскиот Стејт департмент, во најновиот извештај за трговија со луѓе, оценува дека Албанија и понатаму е во втората група, во која се земјите кои не ги исполнуваат целосно минималните стандарди, но прават големи напори да ги исполнат.

Во извештајот се забележува дека постојат неколку клучни сектори за кои владата не ги исполнила минималните стандарди, односно ги казнува жртвите за заонски прекршоци, а трговците со луѓе ги обвинува со поблаги обвиненија,како што е принудување на проституција.

Се криtикува доцнењето во финансирањето на центрите за згрижување на жртвите од трговија со луѓе на невладините организации, а истрагите и кривичното гонење се непостојани. Исто така се забележува дека полицијата не секогаш ги идентификува жртвите на трговија со луѓе меѓу лицата вмешани во проституција.

– Како што е соопштено во извештаите за трговија со луѓе од 2014 година, па наваму, Албанија останува извор, транзитна земја и дестинација за мажи, жени и деца во трговијата за секс и принудна работа. Албанските жени и деца се предмет на сексуална трговија и принудна работа, особено за време на туристичката сезона, стои во извештајот.

Се констатира, исто така, дека децата се користат како питачи и улични продавачи. Тие, главно се од ромска националност и се принудуваат на сезонска работа а има случаи каде децата работат и на полиња засадени со марихуана.

-Албанските жртви се субјекти за проституција низ цела Европа, посебно во Косово, Грција, Италија, Белгија, Германија, Швајцарија, Македонија, Норвешка, Холандија и Велика Британија. Според извештаите на невладините организации има зголемување на бројот на албанските деца, кои се предмет на принудна работа во Косово и Велика Британија, стои во извештајот.

Во истиот и се препорачува на Албанија да ги исклучи жртвите од казни за законски прекршоци, кога повредите се директно резултат на трговијата со луѓе, особено за жртвите на сексуална трговија кои се принудуваат на проституција; да продолжи со посилни истражни дејствија, да ги гони и да ги казнува трговците со луѓе, вклучувајќи ги и службениците кои се вмешани во такви кривични дела и да ги обучуваат органите за спроведување на законот за да бидат колку што е можно покомпетентни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...