Напаѓач влегол во редакцијата на весник во Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд каде што убил неколку лица, по што бил уапсен од полицијата.
Според непотврдени информации напаѓачот убил четири лица. „Има повеќе мртви“, соопшти шерифот Рон Бејтмен за Фокс њуз.
Капетанот Расел Дејвис изјави за NBC News дека во 2.34 часот бил пријавен нападот. Полицијата информираше дека зградата е евакуирана и дека полициски единици ја пребаруваат.
Весникот е во сопственост на The Baltimore Sun. Полицијата била присутна и во The Sun, како мерка на претпазливост.
„Вознемирени сме од трагедијата во Анаполис”, изјави гувернерот Лари Хоган. „Ве молам, внимавајте на сите предупредувања и движете се подалеку од оваа бласт. Молете се за оние кои што се на местото на настанот и за нашата заедница.
#BREAKING: Video of police vehicles responding to a possible shooting in Annapolis, Maryland. (Video: @KarenCampbellTV) pic.twitter.com/xSPbDRjxPm
— BreakingNNow (@BreakingNNow) June 28, 2018