„Тајм“: Ријана, Доналд Трамп, Кајли Џенер… највлијателни на интернет

157

Кајли Џенер, Кани Вест, Ријана, Бизи Филипс и Мет Драџ се најдоа на листата на највлијателни луѓе на интернет магазинот „Тајм“.

На листата е и човекот кој има 53 милиони селедбеници на Твитер – американскиот претседател Доналд Трамп.

Магазинот ги стави тие јавни личности на својата годишна листа земајќи го предвид нивното глобално влијание на социјалните мрежи и вкупната способност да произведуваат вести.

Меѓу останатите кои се најдоа на листата од 25 личности се наоѓаат и корејската поп ѕвезда БТС, Логан и Џејк Пол и општестевените активисти Шон Кинг, Иман ел-Нафијан, студентите на Паркланд на Флорида, кои инсистираа на реформи на законот за поседување оружје.

Кога станува збор за Трамп, „Тајм“ наведува дека неговиот „неортодоксен тек на свеста“ создал наловни страници и ја галванизирал неговата база.

Магазинот оддал признание на претседателот дека го претворил својот Твитер во „ултимативна претседателска кавгаџиска говорница“, пренесуваат агенциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...