Помпео најверојатно следната недела ќе ја посети Северна Кореја

47

Американскиот државен секретар Мајк Помпео планира следната недела да ја посети Северна Кореја, каде ќе разговара за плановите за денуклеаризација, објави „Фајненшл тајмс“.

Весникот наведува дека Помпео ја откажал средбата со индискиот колега предвидена за 6 јули во Вашингтон за да отпатува во Пјонгјанг.

Тоа ќе биде прва висока посета на Северна Кореја на американски претставник по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни во Сингапур.

Помпео пред средбата во Сингапур двапати беше во Северна Кореја, во април и во мај и имаше средба со Ким Џонг-ун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...