Макрон ќе раскажува приказна за деца

На настанот, што ќе биде затворен за јавноста, ќе присуствуваат болни деца, ученици и деца на воени лица.

0

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе настапи во улога на наратор во симфонијската бајка „Петар и волкот“, која утревечер ќе биде изведена во Елисејската палата, соопштија од кабинетот на францускиот претседател.

Во сооштението се наведува дека музиката, за делото кое го напишал Сергеј Прокофиев во 1936 година, ќе ја изведе оркестарот на Републиканската гарда.

На настанот, што ќе биде затворен за јавноста, ќе присуствуваат болни деца, ученици и деца на воени лица.

Досега во претседателската палата се организираа и други претстави за деца, но ова е првпат Макрон активно да учествува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...