Деновиве на Фејсбук проструија две фотографии од телевизиската новинарка Тања Трајковска кои открија детали од нејзините средби со филмскиот актер Арманд Асанте.
Јавноста дозна за познанството со актерот Арманд Асанте од пред 20 години. Средбата од пред две децении како да е предодредена да се повторува на секои следни 20 години. Некогашната новинарка Тања Трајковска летово повторно се сретна со Арманд Асанте, кого имала можност да го интервјуира пред 20 години во Будимпешта, реализирајќи го проектот „Европа на дланка“ на Телма.
Оттогаш поминале 20 години за повторно случајно да се сретнат на Хвар во ресторанот„Зори“ на плажата „Палмижана“.
Во разговорот ѝ открил дека тоа што го има Балканот, го нема никаде на светот – рибата, климата, маслиновото масло, сирењето со тартуфи, домашниот леб, виното, убавината на жените и на луѓето….
Актерот ѝ рекол дека планира да дојде и во Скопје (за потребите на документарниот филм, на кој работи, со познатиот хрватски продуцент и режисер Брнко Лустиг). Документарецот е посветен на протерувањето на Евреите од Хрватска за време на Втората светска војна. За потребите на документарецот веројатно и во Скопје ќе треба да направи некоја сцена.
ФОТО: Фејсбук