Канје Вест: Цело време размислувам за самоубиство

596

Светски познатиот рапер, дизајнер и сопруг на старлетата Ким Кардашијан, Канје Вест, призна дека имал самоубиствени мисли, неодамна, по неговата контроверзна изјава за ропството. Исплашен дека неговата сопруга ќе го остави заради тоа, почнал да ги повикува членовите на нејзиното семејство за да се увери на што е со Ким.

Канје сакал да знае што мисли за него секој од семејството на Ким Кардашијан, како и дали можеби тие знаат нешто за можен развод меѓу него и сопругата.

При тоа, раперот признал дека мислите за самоубиство не го напуштиле во ниту еден момент. Во изјава за „Њујорк тајмс“, Канје признал дека се кае заради својата невнимателна изјава.

– Кога ќе слушнете за ропство што трае 400 години. 400 години? Тоа ми звучи како избор – изјавил Канје Вест меѓу другото во интервју за порталот „ТМЗ“, што ја налутило американската јавност, но и неговата сопруга. Раперот, наводно, се загрижил што таа по тој повод би можела да направи.

– Седум дена после она што го изјавив, сите знаете – за ропството, повикав неколку членови од нејзиното семејство и ги прашав дали таа има намера да ме остави – признал раперот.

Канје Вест изјавил и дека размислувал за самоубиство цело време и дека тоа за него секогаш е опција, додавјќи декла токму таквото размислување го спасувало да не направи такво нешто.

Колапс на музичарот

Инаку во 2016 година музичарот доживеа нервен слом.Вест во ноември 2016 година беше сместен во болница откако неочекувано ја прекина американската турнеја, во рамки на која требаше да одржи уште 21 концерт. Медиумите тогаш шпекулира дека Канје боледува од параноја и дека не дозволувал ни докторотите да му се доближат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...