Студенти од британскиот Универзитет на Бристол собрале 1.500 фунти за нивниот миленик – универзитетскиот чистач Херман Гордон да може да си го посети семејството во Јамајка за празник.
– Тој е симбол на среќата, се вели во објавата на интернет страницата „Just Giving“ – преку која се собираа средствата.
Подарокот Гордон го доби со порака од дарежливите студенти.
– Ти ни ги разведруваш деновите и сакаме да знаеш дека го цениме тоа и те сакаме – пишува во писменцето.
Чистачот сето тоа го прими со солзи и огромна благодарност кон студентите, нагласувајќи дека „позитивната енергија мора да продолжи“.