Наташа Беквалац роди ќерка

На свет донела здраво девојче кое ќе се вика Катја, а како што пишуваат српските медиуми и мајката и ќерката се чувствуваат добро.

1135

Популарната пејачка Наташа Беквалац се породи денеска во една од приватните клиники во Белград, нешто пред 16 часот.

На свет донела здраво девојче кое ќе се вика Катја, а како што пишуваат српските медиуми и мајката и ќерката се чувствуваат добро.

Нејзиниот сопруг цело време ѝ пружал поддршка. На влезот од родилиштето каде Беквалац се породила, српските фоторепортери забележале букет цвеќе на подот и балони наменети за мајката и малата Катја.

Ова е втора ќерка на пејачката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...