Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, и 70 се повредени во пожар на голем пазар во Најроби, соопштија полицијата.
– Пожарот го зафатил Гикомба Маркет и се проширил на куќи во близина – нагласи Кангете Туку, шеф на регионалната полиција во Најроби.
– Досега се евидентирани 15 жртви, изјави тој за локални медиуми. Пожарот избувнал утрото по локално време и се уште не е изгаснат – јави ДПА.
Ситуацијата дополнително ја усложнуваат експлозии на боци со природен гас кои се уште се регистрираат и бројот на жртви и повредени може да се зголеми.
ФОТО:Твитер