Прв заеднички ангажман на двата кралски пара

410

Принцовите Хари и Вилијам со нивните партнерки Меган Маркл и Кејт Мидлтон имаа прв заеднички ангажман при отворањето на „Royal Foundation Forum“. Целта на овој настан е да го покаже прогресот на добротворните проекти со кои се занимаваат младите членови на кралското семејство.

Темата на состанокот на Фондацијата беше „Заедно да направиме разлика“.

– Нашата задача не е да го измислиме тркалото, туку да го следиме примерот, оставен во наследство од оние пред нас, да опстојуваме на вредностите кои секогаш биле важни за нашето семејство, а во исто време ги поддржуваме проектите преку понапредни и посоодветни за нашата генерација средства и јавни настапи – рече Вилијам.

Првите заеднички фотографии на четворицата се појавија по Божиќ, кога заедно со другите претставници на кралското семејство беа на традиционалната божиќна служба во Сандрингам. Но, ова, е нивен прв јавен ангажман.

– Ќе направам сѐ што е до мене жените во Англија да добијат храброст и нивната положба да се подобри. Треба да станат свесни за својот глас и да го користат – истакна Меган.

Меган, која наскоро ќе стане дел од кралското семејство, рече дека со нетрпение очекува поактивно да работи во Фондацијата, бидејќи и досега имала успеси во хуманитарни акции, а била посветена во борбата за правата на жените уште од тинејџерски години.

За оваа прилика Меган носеше со фустан на „Jason Wu“ во вредност од 1.415 фунти, а Кејт Мидлтон беше со фустан на „Seraphine“ по цена од 99 фунти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...