Осуден Канаѓанец кој има 24 жени и 149 деца ВИДЕО

346

Врховниот суд во канадската покраина Британска Колумбија двајца мажи кои припаѓаат на мормонската секта ги осуди условно за полигамија.

Винстон Блекмор прогласен е за виновен бидејќи има 24 сопруги, додека судот утврдил дека Џејмс Олер има пет жени. Блекмор е казнет со шест месеци домашен притвор и 150 часа општествено корисна работа. Олер добил три месеци домашен притвор и 75 часа општествено корисна работа. И двајцата добиле условни казни од 12 месеци.

Судот ги осудил бидејќе некои од девојките имале само 15 години кога се омажиле.
Винстон кој има 61 година, има 149 деца, јасно дал до знаење дека казната нема да го спречи во практикувањето на својата вера.

– Концептот на каење потполно е туѓ за него во овој контекст – заклучил судот.

Кога новинарот го прашал адвокатот на Винстон што мисли за пресудата, тој на шега рекол дека доволна казна е судот да го прати дома кај 25-те сопруги.

Винстон и Олер биле водачи на мормонската секта, која верува во полигамија.
Максималната казна за полигамија во Канада е пет години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...