Меган Маркл влегува во историјата како прва од кралското семејство која е номинирана за една престижна награда. Во Лос Анџелес наскоро ќе се одржи доделување на наградата „Teen Choice Award“, а Меган е номинирана за наградата за стил, пишува Њујорк Тајмс.
Во конкуренција со Меган се Блек Лејвл, Хари Стилс, Блек Пантерс… Како што пишуваат американските медиуми, Меган најверојатно нема да присуствува на церемонијата на доделување на наградата, која е закажана за 12 август.
Номинацијата не е изненадување со оглед на тоа дека Меган до сега многу пати водушевила со својот моден избор, иако често ги кршеше кралските протоколи.