САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември, доколку сакаат да ги избегнат американските санкции воведени по повлекувањето на САД од меѓународниот договор со Иран за нуклеарната програма, изјави висок официјален претставник на САД.
– Тоа е еден од нашите главни принципи за национална безбедност. Нема да одам до таму да кажам дека дефинитивно ќе има нулта исклучоци, но нашиот став е не одобруваме исклучоци – вели претставникот на Стејт департментот, кој побарал анонимност, јавија западни медиуми.
Запрашан дали сите земји треба целосно да престанат да увезуваат нафта од Иран до 4 ноември, тој одговори потврдно.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година.