Дејвид Линч сакајќи да ја расчисти работата околу твитот на Трамп во кој споделува цитат на режисерот, но изваден од контекст, во отворено писмо до Доналд посочи дека претседателот предизвикува страдање и поделба.
Трамп на Твитер објави: „Дејвид Линч: Tрамп би можел да биде еден од најголемите претседатели во историјата“, што беше протолкувано како поддршка на режисерот за Трамп.
Сега режисерот во писмо на Фејсбук наменето за Доналд Трамп објаснува дека тоа што го кажал било извадено од контекст.
– Посакувам јас и ти да седнеме и да разговараме. За жал, ако продолжиш вака, нема да имаш шанса да влезеш во историјата како одличен претседател. Тоа би било тажно за тебе и за земјата. Ти предизвикуваш страдање и поделба – напишал Дејвид Линч, додавајќи дека се што треба да направи Трамп е да ги третира сите луѓе како што тој би сакал да го третираат него.