Бизарна тајна на супер успешниот брак на Никол Кидман и Кит Урбан

801

Веќе 12 години оскаровката Никол Кидман и кантри музичарот Кит Урбан се во среќен брак. Тие деновиве е прославија годишнината од бракот. По нејзиниот брачен бродолом со Том Круз, актеркта ја пронајде среќата со Кит, со кого има две ќерки.

Никол Кидман ја откри тајната на среќен брак, а тоа е поради едно правило според кое таа и сопругот се придржуваат.

Ѕвездата на филмот „Мулен руж“ рекла дека тие никогаш не си разменувале пораки. Се венчаа во 2006 година, само една година откако се запознале на гала вечер во Лос Анџелес.

Никол, која моментално ја снима втората сезона на ТВ-серијата „Големи, мали лаги“, рекла:

– Никогаш не сме разменувале пораки по телефон. Зборуваме многу на телефон и преку видео повик, но никогаш не се допишуваме, бидејќи сметам дека пораката може погрешно да се разбере, тоа може да доведе до искривена интерпретација и бучава во комуникацијата – открила холивудската актерка и додаде:

„Ми се случувало два пати да прочитам иста порака и да помислам што ли сакаше со ова да каже, а потоа му пишувам што значи пораката и тогаш се откажавме. Едноставно не го сакам тоа со сопругот”.

Оваа оскаровка тврди дека и двајцата преферираат да зборуваат по телефон, пренесува „Дејли мејл“.

– Ние сакаме глас на глас, кожа на кожа, тоа секогаш го кажуваме – рекла Кидман.

Тие се венчаа во 2006 година, две години подоцна ја добија ќерката Сандеј Роуз, а во 2010 година Фејт Маргарет.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...