Јапонскиот Робинзон на сила вратен во цивилизација (ВИДЕО)

Неговиот утрински ритуал вклучувал вежбање, а после тоа неколку часа ја чистел плажата, и тоа со бели ракавици.

789

Јапонецот Масафуми Нагасаки, познат и како најстариот Робинзон, кој живееше на изолиран остров, сам скоро 30 години, претежно шетајќи гол без облека, бил принуден да го напушти својот рај заради влошено здравје.

Нагасаки на островот Сотобанари живееше уште од 1989 година. Островот инаку е дел од синџир острови во близина на Тајван.

Дисциплина

Наспроти тоа што немал навика да носи облека, Јапонецот водел многу дисциплиниран живот со строго одредена дневна рутина.

Неговиот утрински ритуал вклучувал вежбање, а после тоа неколку часа ја чистел плажата, и тоа со бели ракавици.

– Никогаш не сум видел почиста плажа од неговата, дури ниту во најскапите и најлуксузните хотелски ресорти – изјавил Алваро Серезо, кој неодамна сними филм за островот на кој живееше Нагасаки.

Далеку од вревата

Масафуми Нагасаки своевремено ја напуштил работата на главниот јапонски остров Хоншу, како би продолжил да живее осаменички живот, далеку од вревата и цивилизацијата.

Но сега, изјавил Серезо, стариот пустиник морал да го напушти островот затоа што луѓе кои го виделе на островот изјавиле дека Масафуми изгледал многу слабо и изнемоштено.

Одлуката за негово „отстранување“ од островот Сотобанари била донесена наспроти желбата на Нагасаки тој во зафрленото место да ги помине и последните денови од својот живот.

– Веќе им кажав на членовите на моето семејство дека тука ќе умрам. Мојата желба е да починам овде и да не вознемирувам никого. Би сакал да ме убие тајфун, така што никој нема ни да се обидува да ме спаси – изјави овој современ Робинзон во филмот на Серезо.

Не сакам, рекол уште Нагасаки, да се поместам од овде, ќе го заштитувам овој остров, ќе го ризикувам својот живот да го заштитам островот, никаде нема да најдам рај како овде, тука никогаш не сум бил тажен, а не би можел да преживеам ако чувствував тага.

Лишен од рајот

Серезо раскажал дека луѓето кои го виделе Нагасаки повикале полиција и го вратиле назад во цивилизацијата.

– Не можеше да се спротивстави затоа што беше премногу слаб. Нема да му дозволат да се врати. Тој буквално е исфрлен од островот. Здравјето му е во ред, најверојатно малку се разболел и настинал, но веќе не му дозволуваат да се врати. Готово е – рекол Серезо и додал дека Нагсаки сега живее во државна установа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...