Пенс со повик до жителите на Централна Америка да влегуваат во САД само легално

Ако не можете да влезете по законски пат, не влегувајте. Изградете живот за себе во својата земја - изјави Пенс.

152

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ги повика жителите на Централна Америка да се откажат од намерите за нелегално влегување во САД. Изјавата ја даде при посета на Бразил, во која разговараше со претседателот Мишел Темер за хуманитарната криза во Венецуела и прашањето со бразилските деца, разделени од своите родители на границата со САД.

– Имам порака, која извира од моето срце и од срцето на американските народи: Не подложувајте си го на ризик животот и животите на децата во обид да влезете во САД со помош на шверцери со луѓе. Ако не можете да влезете по законски пат, не влегувајте. Изградете живот за себе во својата земја – изјави Пенс.

Темер вети дека ќе обезбеди транспорт од САД за враќање на бразилски деца, кои се разделени од своите родители при обид за преминување на границата.

Пенс увери, че САД работат за безбедност на границите и дека „САД се држава која прима најмногу имигранти во светот”.

На средбата помеѓу Пенс и Темер беше разгледана и хуманитарната криза во Венецуела. Пенс побара од Бразил да поддржат посилни мерки за изолирање на власта на претседателот Николас Мадуро и прекинување на страдањата на населението на Венецуела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...