Со 62 гласа „за” пратениците денеска гласаа за измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 часот воведена од претходната владата во 2008 година.
Владата во мај му предложи на Собранието да го укине ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.
Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци, иако Стопанската комора на Македонија, која беше иницијатор на законските измени, бараше и тие да бидат укинати.