Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс во интервју за „Сан“ проговори за своите ментални проблеми опишувајќи дека се бори со болест во главата која сака да го убие.
Тој открива дека првите ментални проблеми му се појавиле уште кога имал 19 години.
– Имам болест која сака да ме убие и таа е во мојата глава, па морам да се бранам од тоа. Понекогаш ме обзема, а понекогаш е алатка што ми е потребна да излезам на сцена. Понекогаш живеам во блаженство и тогаш е прекрасно. Но, повеќето од времето јас сум човек, имам човечки искуства и се обидувам да се справам со искушенијата и маките што се случуваат меѓу моите уши – рече тој.
Пејачот додава дека неговиот живот често бил на работ.
– Имајќи предвид низ што сѐ поминав, бев преблиску до крајот толку многу пати – вели тој.