Меланија и Ранија – двете во розово на чајанка

1275

Меланија Трамп ја послужи со чај кралицата од Јордан, Ранија, – пригода за која двете дами беа облечени во облека со бебешко розова нијанса.

Донал и Меланија како домаќини ка кралот Абдула и кралицата Ранија, распослаа црвен тепих пред Белата куќа. Кралот и кралицата се во четиридневна посета на САД, на која што кралот и американскиот претседател ќе разговараат за мир помеѓу Израел и Палестинците.

И додека Доналд Трамп и кралот Абдула дискутираат за проблемите на Блискиот Исток, нивните први дами се во центарот на вниманието со своите модни избори.

Меланија за споменатата чајанка носеше нежно розов фустан од модната куќа „Проенца Шулер“, кој чини 3.950 долари, додека Ранија се одлучи за посветол комбинезон со долги ракави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...