Меган Маркл секогаш носи два броја поголеми чевли, и има добра причина за тоа

Стилистката на славните личности Хариет Дејви открила зошто ѕвездите толку често во јавноста носат голема обувки.

6684

Деновиве се појавија фотографии од Меган Маркл на службен настан во чевли два броја поголеми. Стилистката на славните личности Хариет Дејви открила зошто ѕвездите толку често во јавноста носат голема обувки.

– Ѕвездите често носат еден до два броја поголеми чевли кога се на некој настан или на црвениот тепих и постои само една причина за тоа – ја избегнуваат појавата на плускавци. Не постои ништо полошо од неудобни чевли (сите тоа сме го искусиле на некое излегување), а кога познатите жени како Меган Маркл носат чевли со висока потпетица подолг период, стапалата им отекуваат. Од тоа можат да се направат плускавци и други непријатни појави на стапалата и прстите кои мошно долго траат. Таквиот проблем го имаше Викторија Бекам – рекла Хариет.

Сепак, не е лесно да се чекори во поголеми обувки, но и за тоа постoи трик.

– Обично во врвот на чевлите се ставаат памукчиња или хартиени марамчиња и тоа се вади кога им е потребно повеќе место – рекла хариер Дејвид.


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...