Во новoотворениот ресторан за брза храна „Креатор” во Сан Франциско, кој инаку има сопственик со грчко потекло, од утре плескавиците ќе ги подготвуваат роботи, наречени исто така – Креатор.
Тие ќе бидат контролирани и под надзор од 20 вмрежени компјутери, а луѓето во кујната ќе бидат настрана. Сите места се резервирани овој и следниот месец, а ресторанот ќе работи само среда и четврток, и тоа само по два ипол часа дневно, од 11:30 до 14:00. За гостите кои во август ќе сакаат да пробаат „роботски плескавици”, има долга листа на чекање, а резервирањето за септември се уште не е почнато.
Роботите, кои намерно не добиле име налик човечките, се долги повеќе од четири метри, а користат 350 сензори и дури 20 компјутери во погон за да ја завршат својата работа. Плескавицата се прави за пет минути, па обете машини во тој прв ресторан од ваков вид произведуваат 130 хамбургери на час.
Во наредната фаза, луѓето ќе можат и преку апликација за паметен телефон, да прават нарачки, со спецификации – колку „до милилитар сос би сакале на својот хамбургер”.
https://www.usatoday.com/videos/tech/2018/03/05/meet-flippy-robot-hamburger-flipper/111102486/