Истражување: Индија е најопасна држава во светот за жените

Индија е најопасната држава за жените, со висок ризик од сексуално насилство и подложност на ропски труд. Ова го покажа истражувањето на експерти од цел свет.

122

Индија е најопасната држава за жените, со висок ризик од сексуално насилство и подложност на ропски труд. Ова го покажа истражувањето на експерти од цел свет, кое беше објавено денеска.

На второ и трето место во светот се Авганистан и Сирија, се наведува во истражувањето на Фондацијата „Томсон-Ројтерс”, во кое учествуваа околу 550 експерти за проблемите на жените.

На четврто и петто место се Сомалија и Саудиска Арабија.

САД се на десетто место, и на трето место по опасност од сексуално насилство, вознемирување и принудување на сексуални односи.

Индија е на врвот на листата, бидејќи е најопасна за жените во три аспекти: сексуално насилство, вознемирување и трговија со жени, вклучително и за принудна работа и сексуално ропство.

Авганистан е најопасна држава во светот за жените по три показатели: насилство, недостаток на здравствена заштита и пристап до економски ресурси.

Сирија е на второ место по опасност за насилство против жените (поврзано со конфликтот и домашно насилство), како и недостаток на здравствена заштита.

Сомалија, која е во конфликт од 1991 година, е рангирана на третото место меѓу земјите каде што жените се изложени на ризик од недостаток на здравствена заштита и на културни и традиционални обичаи, кои се штетни за нив. Ова е исто така петта земја каде што жените имаат најмалку пристап до економски ресурси.

Саудиска Арабија е втора држава најопасна за жените во однос на дискриминација, вклучително и на работното место, како и во однос на пристапот до учество во економијата.

Пакистан е на шестото место во општата класификација и на четврто место по пристапот до економски ресурси и дискриминацијата и опасноста од обичаи кои вклучуваат „убиства поради чест”. Земјата е исто така петта по несексуално насилство.

Демократска Република Конго е седма на заедничката листа. ОН предупредуваат дека милиони луѓе во земјата живеат во ужасни услови. Земјата е втората најопасна во однос на сексуалното насилство и е меѓу седмата и деветтата позиција по останатите проблеми.

Јемен е на осмото место поради слабиот пристап до здравствена заштита, економски ресурси, обичаи опасни за жени и несексуално насилство. Земјата е зафатена со хуманитарна криза, а на 22 милиони луѓе им е потребна помош од витално значење.

Нигерија е на деветто место на заедничката листа, а групи за човекови права ја обвинуваат армијата за тортура, силувања и убиства на мирни граѓани при деветгодинишниот конфликт со екстремистите од Боко Харам. Нигерија го дели со Русија четвртото место по опасност од трговија со луѓе и шесто – по опасност од традиционални обичаи.

САД се единствената западна земја во првите десет, односно го зазема 10-тото место. Тие со Сирија го делат третото место по опасност од сексуално насилство, вклучувајќи силување, сексуално малтретирање, принудување на сексуални односи и недостаток на пристап до правдата во случаи на силување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...