На учениците во Грција им се забранува употребата на мобилни телефони во училиштата

Учениците во Грција, во училиштата, нема да можат да користат мобилни телефони, таблети, игри или кои било други електронски уреди што поседуваат систем за обработка на слика или звук.

85

Учениците во Грција, во училиштата, нема да можат да користат мобилни телефони, таблети, игри или кои било други електронски уреди што поседуваат систем за обработка на слика или звук.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за образование на Грција, Константинос Гавроглу, ги известува сите училишта дека се забранува употребата на мобилни телефони и таблети во училиштата, се забранува употребата на безбедносни камери додека трае наставата и се препорачува да се избегнува објавување фотографии и видео со ученици на сајтовите на училиштата.

Единствено, дозволена е употребата на опремата од училиштето, но само за образовниот процес и под надзор на наставникот или професорот.

Тие правила нема да важат за наставниците и професорите. Тие ќе можат да употребуваат електронски уреди за наставата, но и да ги почитуваат правилата за безбедност и заштита на личните податоци на учениците.

Во однос на електронското објавување или електронското зачувување на фотографии за спомен, видеа или активности од училишниот живот, дозволено е само со дозвола на родител/старател.

Според соопштение од Министерството за образование, во училиштата не е дозволена употребата на безбедносни камери за време на наставата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...