Француското национално здружение на месарниците побара полициска заштита од министерот за внатрешни работи, Жерар Коломб, поради напади од група вегани кои се против јадењето месо и одгледување добиток заради исхрана.
– Сметаме на вашите услуги и на поддршката од Владата во тоа што побрзо да престане физичкото, вербално и морално насилство кое го трпат месарите, се вели во писмото од 22 јуни, потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, Жан-Франсоа Гијар.
– Речиси 18.000 касапи во Франција се загрижени поради последиците од претераното медиумско промовирање на веганскиот начин на живот, изјави тој, изразувајќи „шокираност” од тоа што дел од населението сака да го наметне својот начин на живот врз мнозинството.
фОТО: Твитер