Генерален штрајк го блокира аргентинскиот главен град

Министерството за транспорт објави дека повеќе од 70.000 патници во воздушниот сообраќај се погодени од штрајкот.

62

Поради генералниот штрајк на најголемиот аргентински синдикат, најголем дел од Буенос Аирес е блокиран – јавниот транспорт, аеродромите, пристаништата, училиштата, банките и владините канцеларии не работат.

Во Аргентина, постои големо незадоволство од континуираната инфлација, порастот на трошоците, отпуштањето работниците во јавниот сектор и намалување на платите.

Генералната конфедерација на трудот почна 24-часовен штрајк против политиката на претседателот Морис Макри.

Министерството за транспорт објави дека повеќе од 70.000 патници во воздушниот сообраќај се погодени од штрајкот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...