Бројот на станови кои се нудат на продажба во Менхетн пораснал за 17 проценти во мај 2018 година во споредба со мај 2017 година, што е најголем пораст во изминатите осум години. Најголем број на новопонудени, а непродадени станови има на горниот источен дел на метрополата, каде порастот изнесува 20 проценти.
Летниот период вообичаено води до најголем интерес за купување нови станови, но оваа година е исклучок, со големиот пораст на непродадени станови. Од другата страна на реката, во Бруклин, порастот изнесува 23 проценти, додека во соседниот Квинс има дури за 43 проценти повеќе непродадени станови и куќи.
Фото: EPA/Chris Pedota / The Record / POOL