Десетина припадници на екстремната десница се уапсени поради планирање напади врз муслимани, јавуваат денеска француски медиуми.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб не прецизира кои биле цели на нападите, но весникот Паризиен наведува дека меѓу потенцијалните цели биле радикални муслимани, исламски затвореници и жени прекриени со бурки.
Во октомври 2017 година имаше слични апсења на припадници на екстремната десница кога постоеја сомненија за напади врз мигранти и џамии.