Романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ преведен на македонски

135

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од хрватската писателка Дубравка Угрешиќ, која пред десетина дена беше прогласена за Роман на годината во Хрватска.

– Се работи за роман, автобиографија, патопис, во кој авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови, не без иронија, на своја сметка и на сметката на сите оние што се обидуваат да живеат од креативно творење во свет што признава само успех и пари.  Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и, уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“, наведува „Антолог“ за книгата која од хрватски на македонски ја преведе Кристина Велевска.

Дубравка Угрешиќ (1949) е хрватска писателка, преведувачка, есеистка, филмска и телевизиска сценаристка. Дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. Од 1993 година живее и работи во Амстердам. Предавала на многу универзитети. Соработува со неколку американски и европски литературни списанија. Добитничка е на многу реномирани книжевни награди. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...