Стартува Дигиталната агенда за Западен Балкан

Дигиталната агенда ги надополнува акциите за дигитална интеграција договорени од лидерите од регионот во повеќегодишниот акциски план за време на регионалниот форум во Трст во јули 2017 година и ги одразува заклучоците од Дигиталниот самит за Западен Балкан, што се одржа во Скопје годинава.

87

Дигиталната агенда за Западен Балкан, која е дел од стратегијата на Европската унија за проширување за регионот, ќе биде официјално стартувана на Дигиталното собрание 2018, што денеска и утре се одржува во Софија во организација на Европската комисија и Бугарското претседателство со Советот на Европската унија.

Главни области на Дигиталната агенда за Западен Балкан се намалување на трошоците на роамингот, широкопојасниот интернет, развојот на е-влада, е-набавки, е-здравство и дигитални вештини, градењето капцитети во дигиталната доверба и безбедност паралелно со напорите за подобрување на дигитализацијата на индустриите и донесување, спроведување и јакнење на “acquis“ системот.

На сесијата посветена на Дигиталната агенда за Западен Балкан, како што е најавено, ќе зборуваат Еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, албанскиот заменик министер за инфраструктура и енергетика Дорина Чинари, министерот за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина Исмир Јуско, косовскиот министер за иновации и претприемништво Бесим Бечај, државниот секретар од Министерството за јавна администрација на Црна Гора Дејан Абазовиќ и државниот секретар од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ.

Дигиталната агенда ги надополнува акциите за дигитална интеграција договорени од лидерите од регионот во повеќегодишниот акциски план за време на регионалниот форум во Трст во јули 2017 година и ги одразува заклучоците од Дигиталниот самит за Западен Балкан, што се одржа во Скопје годинава.

Овогодишното собрание во Софија е значајно поради заложбите на Европскиот совет за целосна имплементација на стратегијата за Единствен дигитален пазар до 2018 година, како и предлогот за повеќегодишна финансиска рамка за дигитална економија. Програмата предвидува три пленарни сесии, со особен фокус на тоа како Централна и Источна Европа и земјите од регионот на Западен Балкан може најдобро да ја искористат дигитализацијата на нивните економии и општества и пет паралелни работилници, со акцент на клучните дигитални политики како што се социјалните медиуми, кибербезбедноста, дигитални вештини, вештачка интелигенција и интернет на нешта.

Дигиталното собрание е годишен форум што обединува над 1.000 заинтересирани страни и креатори на политики на високо ниво со цел да дебатираат за дигиталната политика на ЕУ и за влијанието на технолошките постигнувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...