Шпанската крајбрежна стража соопшти дека во три операции во Средоземно Море спасила 418 мигранти.
Шпанија е трета земја во Европска унија, по Италија и Грција, во која доаѓаат најголем број мигранти преку Средоземно Море.
Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои не сакаат да примат мигранти.