Федералните имиграциски агенти во Калифорнија спровеле тридневни рации во кои се уапсени повеќе од 150 мигранти, јавија локалните медиуми.
Градоначалничката на Оукленд Либи Шаф ги предупреди мигрантите дека ќе има рации, и додаде дека не се согласува со моменталниот став на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за мигрантите.
Агенцијата за имиграција и царина на САД соопшти дека апсењата се извршени во период од три дена, и дека рациите се спроведени од Сакраменто на север до Стоктон, додавајќи дека речиси половина од уапсените илегални имигранти претходно се осудувани.
ФОТО: EPA/JOHN G. MABANGLO