Обезбедување еднаков третман при инвестирање, уредување, опремување и едукација на здравствениот кадар на приватните здравствени установи кои се дел од здравствената мрежа и имаат склучени договори со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со јавното сдравство, како вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗОМ во економските програми за финансиска поддршка, бара Греупацијата на приватните здравствени установи во рамки на Сојузот на стопански комори.
Борислав Јосифовски од групацијата на денешната прес-конференција рече дека став на групацијата е дека треба да се преслика се што има во јавното здравство и на приватното здравство. Се бара дури и воведување на системот за електронски евиденции во здравството „Мој термин“.
– И покрај тоа што ПЗУ и ЈЗУ се еднакви пред законот, сепак досегашното искуство за кое и јавноста е сведок говори дека инвестициите во здраството во изминатите 25 години, а кои се на терет на буџетот на Република Македонија или ФЗОМ се исклучиво наменети за јавниот сектор – рече Јосифовски.
Според него, потребно е сериозно да се разгледа можноста за вклучување на приватни здравствени установи кои немаат договор со ФЗОМ во економските програми за финансиска поддршка.
– Во понудениот план за економски раст не е опфатен здравствениот сектор кој како и останатите стопански гранки генерира средства во буџетот. Треба да бидат препознаени и вклучени во мерките на Планот за економски раст и здраствените установи во кои доминантно се даваат услуги на странски државјани, што би значело поттик во имплементацијата на нови медицински доктрини и технологии како и во подигањето на нивото на здраствени услуги и на домашен план-рече Јосифовски.