Се омажи руската богаташка која мислеше дека Роберт де Ниро е келнер (ФОТО)

Венчаница чинела „само“ 188.000 евра, а ја дизајнирал Зухер Мурад.

1418

Ќерката на рускиот милијардер Ирина Чигиринскаја (18) се омажи за пет години постариот син на поранешниот управител на руската покраина Архангелск, Морис Мирелиј (23). Нејзината венчаница чинела „само“ 188.000 евра, а ја дизајнирал Зухер Мурад. Младенците храната за гостите ја платиле нешто помалку од 400.000 евра.

– Гостите јадеа карпачо од лосос, сите видови риби, узбекистански пилав, шиш-ќебапи, ирански кајсии, свежо зрнесто овошје и колачи. Само што ќе се испразнеше шишето изладено француско шампањско, ново се појавуваше на масата – опишал еден од 1.500 гости.

Венчавката се одвивала на голф терен на пријателот на Доналд Трамп, а не се знае дали Ирина го поканила и холивудскиот актер Роберт де Ниро (74) да помогне околу свадбата, бидејќи во една прилика го заменила со келнер и му наредила да и донесе чаша вода.

Инаку, невестата, која од детство навикнала на привилегиран стил на животот, изненадила и шокирала многумина кога своевремено се пофалила дека „првпат патувала со јавен превоз“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...