Невреме ги зафати Австрија и Полска

Големо невреме ја зафати синоќа австриската покраина Штаерска, при што се повредени повеќе лица.

164

Големо невреме ја зафати синоќа австриската покраина Штаерска, при што се повредени повеќе лица.

Поројниот дожд предизвика поплави и огромна материјална штета.

Од силниот ветер биле искршени гранки од дрвјата, кои ги блокирале патиштата, предизвикувајќи штета на покривите од повеќе куќи во јужниот дел на покраината.

Во местото Гнас едно дрво паднало врз автомобил со четворица патници. Според полицијата, три лица се повредени и пренесени в болница.

Невреме ги зафати и централните делови на Полска, во кое загина заменик градоначалникот на Воломина, Роберт Маковски, а 10 луѓе се повредени.

Маковски загинал синоќа кога за време на бурата врз него паднала гранка од едно дрво.

Во невремето се оштетени 300 објекти, а пожарникари интервенирале повеќе од 4.300 пати. Од утринава 74.000 семејства се без електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...