Британската полиција го уапси мажот кој стоеше на шините на метро станица источно од Трафалгар и тврдеше дека има бомба.
Сообраќајна полиција соопшти дека работи на повторно отворање на метро станица Черинг Крос, која претходно беше евакуирана.
Британската полиција нареди евакуација на метро станица Черинг Крос во Лондон откако доби дојава дека маж се заканува со активирање на бомба.
– Станицата е евакуирана поради мерка на претпазливост и во моментот сообраќајот е запрен – објави на Твитер британската сообрачајна полиција.
ФОТО: Твитер