Трамп: САД мора да имаат поцврста политика

- Мораме да имаме многу цврста политика. Инаку ќе имаме милиони и милиони луѓе кои влегуваат во нашата земја - истакна Трамп.

69

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Вашингтон мора да ја задржи „поцврстата политика“ за да го спречи влегувањето на милиони луѓе во САД.

– Мораме да имаме многу цврста политика. Инаку ќе имаме милиони и милиони луѓе кои влегуваат во нашата земја. Тоа не можеме да го дозволиме. Немаме избор – истакна Трамп.

Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на Трамп ќе престане да ги тужи мигрантските родители кои заедно со децата нелегално ја преминале границата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...