Барбара Стрејсенд го клонирала непрежаленото милениче

293

Пејачката и актерка Барбара Стрејсенд (75) за магазинот „Варајати“ открила дека успешно го клонирала своето куче Саманта, така што од него зеле клетки од устата и стомакот, пред тоа да пцовиса во 2017 година.

Со клонирањето на кучето, кое било старо 14 години, Барбара ги добила кученцата Вајолет и Скарлет, за кои изјавила дека имаат различни карактери.

– Чекам уште малку да пораснат па да видам дали ги имаат кафените очи на Саманта и нејзината сериозност – рекла Стрејсенд.

Кога пристигнале клонираните кученца, Барбара ги облекла во блузички во различни бои за да ги распознава. Таа има уште едно куче – Фани.

Наводно целиот процес на клонирање чини помеѓу 50.000 и 100.000 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...