Моника Левински напишала есеј во „Венити фер“ на темата #MeToo и како целата кампања каде жените проговориле за разните облици на напаствување ја променила нејзината перспектива.
Бившата приправничка на Белата куќа Моника Левински изјавила дека аферата која ја имала со претседателот Бил Клинтон била „флагрантна злоупотреба на моќта“, а не сексуален напад, пренесува агенцијата AП. Таа во интервјуто за магазинот „Венити фер“ изјавила дека им се восхитува на храброста на жените кои се спротивставиле на „вкоренување на верувањата и институциите“.
Бившата соработничка на Белата Куќа рекла дека го поддржува движењето против сексуалното вознемирување #MeToo кое се формираше по сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.
Најмрачни денови
Кога во 1998 година, во јавноста излезе нејзината афера со тогашниот американски претседател Бил Клинтон, тоа беа, без сомнение, најмрачните денови во нејзиниот живот.
Моника денес, 20 години подоцна, никогаш не била посилна и поуспешна. Во Калифорнија по аферата со Клинтон, дизајнирала торби и промовирала препарати за слабеење, а во 2005 година се одселила во Британија и завршила психологија. Денес е активистка и предава на факултетот и повеќе не сака да биде жртва.
Моника која денес има 44 години признала дека страда од посттравматско стресно нарушување, а смета дека во текот на истрагата се случила злоупотреба на власта. Дури и главниот обвинител на истрагата ја преминал границата на добриот вкус во текот на нивната средба на божикната вечера.
– Ми ги допираше раката и лактот. Ми беше неверојатно непријатно – рекла Левински.
По аферата Вајнстин и олеснило
Откако излегла приказната за холивудскиот продуцент Харви Вајнстин против кого се покренати дури 60 обвиненија за сексуално вознемирување и злоупотреба, почнала да добива пораки со поддршка.
– Воздивнав. Знаев дека повеќе не сум сама во оваа борба – рекла Левински која целиот живот го носела бремето од аферата со поранешниот претседател Бил Клинтон (74).
И додека нему јавноста и сопругата Хилари Клинтон сепак му ја простија аферата, Левински долга низа години мораше да се справува со последиците. Таа авантура ја обележила нејзината кариера, бидејќи после се, никој не сакал да ја вработи. Во тој период, била тажна и надвор од себе, и имала проблеми со прејадување, односно нарушување во исхраната.
Левински пред неколку години објасни дека по избувнувањето на скандалот во 1998 година, морала да го истрпи насилството врз неа, како и да ги прима сите јавни навреди и понижувања, затоа што верува дека била „жртвен јарец“ за да се спаси претседателот.
Според Левински, тогаш сите можеле слободно да ја етикетираат како што сакаат и тоа го правеле, како луѓето од Адаминстрацијата и оние околу специјалниот обвинител за аферата, така и политичарите од редовите на републиканците и демократите и медиумите.