Од утре стапуваат на сила европските контра-мерки кон САД

Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиумстапуваат на сила на 22 јуни.

62

Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиумстапуваат на сила на 22 јуни.

Во прашање се типични американски производи како виски, фармерките и моторите, но и оризот, пченката и тутунот. Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Списокот на производи и беше претходно поднесена на Светската трговска организација за проверка.

-Унилатералната и неоправдана одлука на САД не ни остава друг избор. Правилата на меѓународната трговија не може да се нарушуваат без реакција од наша страна, изјави Сесилија Малстром, еврокомесарка за трговија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...