Пејачката Шакира затаила данок и на државата и должеше десеттици милиони долари, пренесуваат шпанските медиуми.
Пејачката, која е по потекло од Колумбијам сума од 20 милиони евра исплатила откако била предупредена дека би можела да биде кривично гонета, пренесува „Ел Периодико“.
Тоа е, наведува тој весник, сумата која ја „покрива“ само 2011 година, а спорни се и наредните три. Шакира во тој период живеела во Шпанија, и како жител на таа земја требало да плати данок на својата комплетна заработувачка, без оглед на тоа каде е остварена. Шакира, меѓутоа, платила данок само на парите заработени на територијата на Шпанија.
Четириест и едногодишната пејачка и понатаму е под истрага поради трите преостанати спорни години, а има право и да вложи жалба.