Ева Лонгорија стана мајка во петтата деценија од својот живот. Списанието „Хола” го претстави бебето кому холивудската ѕвезда и нејзиниот сопруг, мексиканскиот бизнисмен Хозе Пепе Бастон му го дадоа името Сантијаго Енрике.
Момчето тешко три килограми, е родено на 19 јуни во болницата „Седарс Синај” во Лос Анџелес.
– Благодарни сме за овој благослов, порачаа „новопечените“ родители.
Сантијаго е роден по 2,5 години откако Лонгорија и Бастон се венчаа во Мексико.
ФОТО: Твитер