Убиена славна турска пеачка со босанско потекло

Познатата турска пеачка Хаџер Тулу е убиена во ноќен клуб во близина на турското одморалиште Бодрум.

2172

Познатата турска пеачка Хаџер Тулу е убиена во ноќен клуб во близина на турското одморалиште Бодрум, јавуваа медиумите.

40-годишнaта пеачка, инаку многу добро позната во Турција, е една од двете жртви при пресметка со огнено оружје. Како што пренесуваат медиумите, лекарите се обидувале да ја повратат пеачката откако брзата помош ја донела во болница, но залудно.

Хаџер Тулу е родена на 10 април 1978 година во Измир, во семејство на мигранти од Босна, пишуваат турските медиуми. Некои медиуми објавија дека таа имала 15-годишна ќерка.

Според првите информации,втората жртва на пукањето е Мехмет Али Сурензој, сопственик на клубот.

Во пресметката биле повредени четири лица.

Според локалните медиуми, пукано било од автомобил, а полицијата уапсила четворица.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...