Социјална заштита минатата година користеле 14.758 малолетници и 43.040 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49.5 отсто, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, 84.9 отсто.
Во 2017 година, 26.160 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.