Путин: ОН имаат единствена улога во решавање на кризите

90

Претседателот на Русија, Владимир Путин на денешната средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека ОН имаат единствена улога во решавање на меѓународните кризи.

– Улогата на ОН како универзален инструмент за решавање на кризи во меѓународните односи е апсолутно единствена, истакна Путин.

Тој додаде дека Повелбата на ОН е основа за денешното меѓународно право.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...