Ќерката на пејачката Шаде Аду стана маж

Микалија Аду во 2016 година обелодени дека е трансродна и дека сака да го смени полот и да стане машко. Тоа и го направи. Шаде, секако, ја поддржала во одлуката.

303

Кој сака добра музика, ја сака и Шаде Аду, легендарната пејачка што се прослави со безвременските хитови како „Smooth operator“, „The sweeteset taboo“ и изгради брилијантна кариера.

Од почетокот на кариерата Шаде остана верна на себе и не се експонираше премногу во медиумите, пееше и со својата специфична боја на гласот воодушевуваше милиони луѓе ширум светот.

Трансродна ќерка

Освен тоа, таа е и мајка што се носи со предизвикот со тоа што ќерка ѝ го смени полот. Ќерката на пејачката Шаде Аду стана маж.

Микалија Ила Аду пред две години на социјалните мрежи сподели фотографии од својата транзиција од жена во маж. Тој денес се вика Ајзак и на Инстаграм поставува селфи фотографии, фотографии со девојки, како и оние со домашни миленици. Повремено се наоѓа и понекоја фотографија од неговата позната мајка, која ја нарекува „моја апсолутна кралица“.

Шаде никогаш не ја коментирала транзицијата на Ајзак, но судејќи според фотографиите, му била голема поддршка.

Оваа млада дама, односно сега младо момче, на својата мајка гледа како на најдобар пријател. Својата одлука да го промени полот јавно го кажа на сите по пат на Инстаграм.

„Денес е прв ден од остатокот од мојот живот, напиша гордо.“

Најголема поддршка

Шаде Аду првиот брак со шпанскиот режисер Карлос Плиего, ја однесе од Лондон во Мадрид, но љубовта беше многу кратка.

Во 1990 година се омажи по вторпат со музичкиот продуцент Боб Морган и тоа на Јамајка. Во 1996 година ја роди ќерката Микалија, на која деценија подоцна ѝ ја посвети песната „Мам“. По раскинувањето на врската со Морган, тој не сакал да има ништо со детето, па подоцна, сегашниот партнер на Шаде, Јан, ја преземал улогата на татко.

Пејачката денес, во својата 59-та година од животот, е горда мајка на едно дете, а откако во 2007 година влезе во врска со Јан Ватс, стана и маќеа на неговиот син Џек.

Децата ѝ се важни, а признала дека ќерка ѝ откако се родила е центар на вселената. Особено што ја вклучила во својата работа па Микалија пее придружен вокал на композицијата „Babyfather“, која зборува за тоа каква е честа да се биде родител.
– Микалија ми рече дека мојата музика е многу чувствителна, а тоа многу ми значи – рекла Шаде.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...