Скопска „Топлификација“ денеска обвини дека компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија ТЕ-ТО покренала лажен стечај, за да не го плати долгот кон „Топлификација“ и другите доверители.
– Причина за стечајот е пресудата на Врховниот суд од 27 декември 2017 година, во која, се прифаќа барањето на „Топлификација“ да го наплати заемот даден на ТЕ-ТО во периодот на градба на објектот кој е достасани. ТЕ-ТО треба да ѝ плати на „Топлификација“ околу 6,3 милиони евра главен долг, а со камата, ТЕ-ТО треба да и плати на „Топлификација“ 11,4 милиони евра. Имајќи предвид дека оваа тужба на „Топлификација“ е за дел од заемите дадени во периодот на градба на објектот, вкупниот долг на ТЕ- ТО кон „Топлификација“ ќе биде над 30 милиони евра со камати пресметани до 1 март 2018 година. Доколку оваа стечајна постапка на ТЕ-ТО се реализира, како што е замислена, штетата на „Топлификација“ ќе биде над 30 милиони евра – вели директорот на „Топлификација“ АД, Димитар Хаџи-Мишев.
Тој тврди дека ТЕ-ТО периодот до станување на судската одлука правосилна,со низа нерегуларности покренува лажен стечај, за да спречи одуката да се спроведе.
-Јавно бараме истрага од надлежните органи за да се испита дали сите постапки во овој процес се според закон и дали со ова сериозно оштетување на дел од доверителите надвор од главниот сопственик со над 50 милиони евра во кои е и Топлификација со 30 милиони евра, на доминантниот сопственик на ТЕ -ТО ќе му донесе сериозна добивка – вели Хаџи-Мишев.
Тој бара истрагата да се позанимава и со јавното признание на вработените во ТЕ-ТО во планот за реорганизација дека компанијата од 2013 до 2016 година била условувана да купува гас од строгодефинирана фирма и да продава струја преку локални трговци исто на строго дефинирана фирма надвор од државата.
Хаџи-Мишев, смирува дека судскиот спор што се води меѓу двете компании нема да се одрази на испораката на топлинска енергија кон граѓаните, но неисплаќањето на 30 милиони евра ќе има сериозно влијание врз работењето на компанијата.