По најавата на Илон Маск дека ќе отпушти три илјади работници од неговата компанија Тесла, тој почна со отказите, но она што изненадува се позитивните реакции на отпуштените работници.
– Вчера добив отказ од Тесла и тешко ми е, многу, но тоа е добро за компанијата. Не жалам за ништо… Ќе навивам за нив оти знам дека дадов се од себе. Фала Ви на спомените кои ми остануваат по сиве години работа – напиша на Твитер извесен Кевин, поранешен вработен.
– Илон, ти благодарам на приликата. Фокусирај се на мисијата. Секогаш ќе бидам горда што бев дел од Тесла, напиша друга отпуштена работничка, Келс.
Прашан зошто луѓето имаат така позитивни реакции на отказите, еден од оние кои останале на работа вели дека тоа е така бидејќи во корпорацијата не владее култ на личности.
– Луѓето следејќи ја работата на Илон, посебно оние кои ја виделе најавата за отпуштања (која Маск ја објави на Твитер) имаат впечаток дека цела фирма функционира така, од врвот до најниските ешалони. Запознав голем број талентирани луѓе кои воопшто не обрнуваат внимание на тоа што Илон објавува или на медиумските написи. Со проблемите се соочуваме кога ќе дојдат до нас, изјави вработен, кој сакал да остане анонимен.
Тој не смета дека треба да го воздигнуваат Маск.
– Нормално е сопственик на фирма да мисли оти заслужува дека тој треба повеќе да профитира од луѓето кои работат за него, додава работникот.